Идентификувани 45-те жртви од несреќата на автобусот на Беса Транс

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.



Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.

Во несреќта која се случи на 23 ноември загинбаа 45 лица, а седуммина беа повредени.