Џерод Рамос, е името на човекот кој вчера влезе во редакцијата на весникот „Капитал“ и уби пет новинари во еден од најкрвавите напади врз новинари во историјата на САД.
Меѓу загинатите е колумнистот и помошникот уредник Роб Хиасен, новинарот Џон Мекнамара, уредникот Венди Винтерс, асистентката за продажба Ребека Смит и уредникот во весникот, Џералд Фишман.
Медиуми јавуваат и за неколку повредени.
Извори од полицијата велат дека причина за нападот бил одмазда. Имено Рамос го тужел весникот „Капитал„ од Мериленд за клевета.
Доказ за тоа е Твитер профилот на Рамос на кој имало детали за долгогодишниот правен спор со компанијата.




