Идеја што може да ги уништи државно спонзорираните полтрони

Реакција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на владиниот предлог во законот за граѓанска одговорност каде се предвидува санкции за негативно мислење на граѓаните.



Стоилковски не може да се разбере како предлогот минал на собраниската комисија за Европски прашања и иронично предлага во законот да се предвиди прогон за позитивно мислење наместо негативно.

Со тоа ќе настрадаат таканаречените владини ,,ботови” кои се вработени или се платени од владата или нивни блиски фирми за да ги бранат политиките на СДСМ и ДУИ.

,,Се мислам, ако во законот за граѓанска одговорност се замени зборот “негативно” со “позитивно” мислење, колку државно спонзорирани полтрони ќе останат без работа?
Поминало на комисија за европски прашања.. еј, на “европски прашања”!?”, пишува Стоилковски со голема доза на сарказам.