Ибраимовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не се чисти снегот (ВИДЕО)

Заменикот директор на Јавното претпријатие за државни патишта и лидер на ПЦЕР Самка Ибраимовски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ лаже кога обвинува за нечистење на снегот од патиштата.



“Тој што не разликува лага од вистина, не може да опстојува
А лагите на вмро се големи дека ништо не се работи
Сите служби се нонстоп активни и се работи на терен”, тврди Ибраимовски кој на својот твит доби повеќе видео докази според кои фирмата што ја менаџира не ја врши својата работа на македонските патишта.