„Македонците се сакаат себеси повеќе од другите. Тие сакаат ‘македонското’ да биде прво. Ова е разликата меѓу Албанците – космополити и Македонците – космополити во с.Македонија. Албанците од с.Македонија сакаат граѓанска држава, но Македонците не сакаат. Македонците не сакаат да ја загубат етничката држава, здобиена во надворешни околности на крајот на 1944 година. Од друга страна, во црна Гора, во која се случи за првпат Дритан Абазовиќ од албанскиот етникум да стане премиер, расправата за држава за сите не претставува пречка за етникумите.“ – вели Селим Ибраими, доктор по политички науки и основач на Центарот за безбедносни студии и развој – Македонија, во својата колумна со наслов „Имагинацијата на Дритан Абазовиќ за црногорската држава и ‘премиерот’ на Али Ахмети“, која ја објави ТВ „Шења“ на албански јазик на својот интернет-портал.
Ибраими пишува: „Кога гледаат како се искачи Дритан Абазовиќ на врвот на власта во Црна Гора, станувајќи нејзин прв премиер-Албанец, честопати на Албанците од с.Македонија им доаѓа на ум мислата дали и тие можат еден ден да имаат свој премиер, кој ќе наликува на Абазовиќ. Абазовиќ е вистински и оригинален политичар, кој промовира и граѓански политики. Во изборните кампањи, во недостиг на вистинска понуда, Али Ахмети и неговата партија исфрлија кандидат политички потрошен, без поддршка на народот и кој не влезе во никаква политичка комбинација за премиер. Предлогот на Ахмети за премиер беше неостварлив и покрај партиските договарања дека еден ден, во последните 100 дена на Владата, тој може да биде претседател на Владата на с.Македонија.“
„Абазовиќ е реален премиер, додека Насер Зибери, предлогот на ДУИ, беше напишан само на хартија. Тој не е производ на една нова состојба во албанско-македонските односи и не е харизматичен лик. Многу е полесно да бидеш Дритан и премиер во Црна Гора отколку да бидеш виртуелен премиер на изборните кампањи во с.Македонија.“
„Албанците од с.Македонија сакаат граѓанска држава, но Македонците не сакаат. Македонците не сакаат да ја загубат етничката држава, здобиена во надворешни околности на крајот на 1944 година. Постојат Албанци што зборуваат за граѓанската држава од близината на разни семејни, или општествени врски. Но нема Македонци, кои зборуваат за држава без етникум, или нација.“
„Македонците се сакаат себеси повеќе од другите. Тие сакаат ‘македонското’ да биде прво. Ова е разликата меѓу Албанците – космополити и Македонците – космополити во с.Македонија. Во меѓувреме во Црна Гора иако со децении, па и повеќе од еден век, преовладуваше националното, веројатно е дека ќе се сменат односите меѓу етникумите во иднина. Расправата за држава за сите не претставува пречка за етникумите.“ – заклучува Селим Ибраими во својата колумна.
Home Македонија Ибраими: „Македонците сакаат ‘македонското’ да биде прво и своја етничка држава –...





