Генералниот секретар на Алтернатива, Зекирија Ибрахими, ја посочи ДУИ како штетна за интересите на Албанците во Македонија, обвинувајќи ја за нивното масовно иселување во последниве две децении на власт.



„Таа партија стана штетна за интересот на Албанците во Македонија бидејќи неинвестирајќи во албанските средини, таа ги исклучи Албанците. Не сакам да кажам дека станува збор за план на српски елаборати за преселување на Албанците, но бројките се многу поголеми од времето на Пашиќ и на Ранковиќ. Во период на Југославија се иселиле околу 200.000 Албанци, во периодот на ДУИ се иселиле повеќе од 300.000 Албанци“, рече Ибрахими во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Жестоко критикувајќи ги „зелените“, со кои партијата на Африм Гаши седеше во иста влада до пред три месеца, Ибрахими обвини дека „во текот на 20-годишното владеење на ДУИ, сè уште се зборува за вода, канализација и светла“ во средините со доминантно албанско население.