„Колку што сум јас информиран, претседателот на Алтернатива Африм Гаши вчера, на 15.11.2021 година, имал телефонски разговор со премиерот во оставка Зоран Заев. Тие оставиле да се видат во наредните денови, без да се објасни кој ден и од која причина.“ – кажа Зеќирија Ибрахими, секретарот за односи со јавноста на Алтернатива, во изјава за ТВ 21.“ – пренесе денес информативната агенција ИНА.
Во својата вест ИНА дополнува: „Зеќирија Ибрахими објави дел од разговорот и средбата со премиерот на Македонија Зоран Заев. ‘Претседателот Гаши има постојани средби со речиси сите политички лидери во земјата и не е некоја посебна вест дали ќе се сретне со премиерот, или не, бидејќи е тоа во рамки на средбите, кои се одржуваат во континуитет со политичките лидери.’ – рече Ибрахими за ТВ 21.“
„Претходно Ибрахими имаше изјавено дека Алтернатива е опозициска партија, оти тоа останува така и дека нема ниту покана ниту интерес да се биде дел од Владата.“
Инаку, се уште опозициската Алтернатива во следните денови треба да реши дали ќе го прифати предлогот на премиерот Зоран Заев оваа албанска партија со своите пратеници да стане дел од парламентарното мнозинство и да влезе во Владата. Заев вчера самиот потврди дека во текот на денот имал комуникација со Гаши и оти му предложил да го избере денот кога сака да се сретнат, за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од Владата. Ако ова се случи, тогаш останува да се види колку Алтернатива би добила министерски, заменик – министерски места и директорски позиции во замена за своите четворица пратеници.
Гаши минатата недела имаше кажано дека до тој момент немале добиено понуда од СДСМ и оти било принципиелно прво да дискутираат со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, за да видат каков е нивниот капацитет за развој на натамошните процеси и за излез од кризата.





