Ибрахими: Скопје и Софија нема да се повлечат од своите силни позиции

„Двајцата високи дипломати на ЕУ Августо Силва (министер за надворешни работи на Шпанија) и комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеи за време на нивниот престој во Македонија и Бугарија не успеаја да издејствуваат ниту ракување меѓу двете страни. Европската дипломатија се гледа дека нема никакво влијание врз ублажувањето на тензиите меѓу Скопје и Софија. По речиси една година откако официјална Бугарија стави вето на за Македонија, европската дипломатија не успеа да им понуди решение на владите на двете земји, туку дополнително ги оттргна од преговарачката маса.“ вели Селим Ибрахими, новинар, публицист и и основач на Центарот за безбедносни студии и развој – Македонија, во својата колумна, која ја објавува „Порталб“.



Според Ибрахими, „по зголемувањето на тензиите во текот на пролетта во врска со македонскиот јазик се забележува дека европскиот пристап не е соодветен во решавањето нови проблеми на Западниот Балкан“.

„Додека македонскиот премиер Зоран Заев се согласи на предлогот на двајцата европски дипломати, официјална Бугарија го отфрли како можно решение и конечно Македонија нема да може да ги започне преговорите во јуни годинава. Актерите кои го презедоа решавањето на македонско-бугарскиот спор се држат настрана од класичните директни преговори и од употребата на дипломатската тупаница. Како е можно Европејците да не успеат да ги подвижат прашањата, запазувајќи ги честа и правдата?!“ – прашува авторот на колумната.

„Не случајно Софија и Скопје немаат намера да се повлечат од силните позиции. Со голема веројатност и оваа година двете влади нема да се поместат од своите позиции. Дипломатијата зад затворени врати и продолжувањето на решавањето на проблемот таму каде што е заплеткан новиот балкански јазол би требале да бидат најдобриот облик на решавање најдобриот начин за третирање на новиот македонски идентитет и другите преостанати проблеми на Западниот Балкан“ – смета Селим Ибрахими во својата колумна, која ја објавува „Порталб“.