Ибрахими: Или албански јазик наместо 20% во Уставот или барајте пратеници од Груевски

Здружената албанска опозиција нема да даде поддршка за уставните измени ако не се избришат оние 20% од уставот и да се заменат со албански јазик , вели секретарот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, пренесува ТВ21



„Сметаме дека тие уставни измени не треба да се направат без да се направат уште два конститутивни елементи на овие уставни измени, тоа се отстранување на навредливото име за албанскиот јазик во Уставот на Република Македонија и второто прашање на уставната санкција за незастареност на случаите на политичка корупција.

Албанската опозиција е подготвена да гласа за уставните измени доколку заедно дојдат во Собранието.

Ако не дојдат заедно, добро е да се разговара со Никола Груевски за да се обезбедат други пратеници бидејќи ќе ги немаат гласовите на албанската опозиција“, вели Зеќирија Ибрахими.