Ибрахими: ДУИ сака на мускули да победи во Чаир

„ДУИ на денот на изборите вршеше голем притисок во полицијата и сака на мускули да победи во Чаир.“ – јави весникот „Лајм“, пренесувајќи ја информацијата на порталот јазик „Шења“ од прес – конференцијата на албанската опозициска партија „Алтернатива“.



„Зеќирја Ибрахими од ‘Алтернатива’ на прес – конференцијата на неговата партија на прес – конференцијата по изборниот ден кажа: ‘Изборниот процес во Чаир беше многу тежок. Во текот на целиот изборен ден имаше постојан притисок врз гласачите. Моравме десеттици, да не речам и стотина пати да се јавуваме во полиција и да бараме асистенција, поради големиот притисок што се вршеше врз гласачите на бирачките места. Ова е практика на ДУИ. Тие се повеќе веруваат дека преку мускули ќе постигнат да ги освојат гласовите.“

„Но, ние ќе бидеме во вториот круг на изборите и се надеваме дека ќе дојде до пресврт во изборниот резултат, имајќи предвид дека противкандидатот од ДУИ веќе го достигнал плафонот на гласови, додека и натаму постојат групи на општествениот интерес, кои се на располагање да гласаат за нашиот кандидат Беким Сали.’ – рече Ибрахими на прес – конференцијата на Алтернатива. – извести „Лајм“, пренесувајќи ја „Шења“.