Поднесена е кривична пријава за 72. годишна жена за кражба на струја.
ЕВН во јануари ѝ ја исклучиле струјата поради долг од 580.000 денари, по што (С.М.) таа нелегално се приклучила кај друг потрошувач.
Приклучен бил кабел за напојување со електрична енергија кај потрошувачот Н.Ф. и заеднички користеле енергија без да се мери потрошувачката, со што е причинета материјална штета во износ од 12.724 денари на штета на ЕВН Македонија, јавува Макфакс.




