Фатени на дело, ама никако да признат „борците за слобода“ кои за пари шират лажни вести. По скандалозната објава со која се руши угледот на опозицијата дека Џабир Дерала и негови медиуми плаќаат дебели пари за лажни видеа против ВМРО-ДПМНЕ, експресно беше прекинато спонзорирањето на Фејсбук. По овој скандал што го пласираше порталот „Фронтлајн“, реагираше и уредникот на емисијата Јовица Пауновски во којашто гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот. Новинарот напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.

- „Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.
Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.
Водителот и колумнист Богдан Илиевски откри дека од телефонскиот број на порталот „Фронтлајн“ се финансирало споделувањето на монтирано лажно видео од емисијата на Пауновски.

- „Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број. Го внесувам телефонскиот број на Вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер. Резултатот го имате во видеото. Мизерија“, напиша Илиевски, објавувајќи го видеото на кое се гледа дека медиумите на Џабир Дерала манипулираат и шират лажни вести од други профили на Фејсбук.
- Дека проблемот со ширење лажни вести е сериозен реагираше и новинарот Кристијан Ландов.
„Ова не е зезанција туку сериозен скандал. Наскоро ќе се објасниме зошто. И да, глупости као “Некој го злоупотребил бројот” не проаѓаат. За да можеш да спонзорираш политички објави, мора да со верифициран со телефонски број“, напиша новинарот.
Со реакција веднаш се јави и Џабир Дерала, кој, пак, тврди дека редакцискиот број бил злоупотребен за политичка кампања против ВМРО-ДПМНЕ.

И додека Дерала сам себе се демантира, со кратка проверка Фесјбук профилите „Мицко кочи“ и „Политиканти“, а кои се врзани со телефонскиот број на „Фронтлајн“ може да се види дека се одлеале илјадници евра за пропаганда против опозицијата и оцрнување на оние кои се противат на бугарските барања и уставните измени.
Инаку порталот „Фронтлајн.мк“ е дел од групација Шорткат каде влегуваат повеќе интернет страници.




