Владата иако не беше спомената во медиумските извештаи реагираше со демант за веста дека Зоран Заев има нова вила на брегот на Егејското море.
“Медиумските содржини објавени во некои информативни гласила дека премиерот Заев поседува вила на грчкото приморје се лажни и тенденциозни.
Владата во име на премиерот Заев, категорично и целосно ја отфрла веста, премиерот Заев не поседува куќа во Грција”, се вели во реакцијата на владата.






