Новиот министер за надворешни работи Бујар Османи на својот украински колега Дмитриј Кулеба му ветил поддршка за членство во Европската унија, иако Македонија уште не почнала ни преговори по речиси 15 години со статус кандидат добиен на 17 декември 2005 година.
„Дмитриј Кулеба изрази надеж дека Северна Македонија ќе ги поддржи европските и евроатлантските интеграции на Украина како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ. Бујар Османи увери во таквата поддршка и изрази подготвеност за размена на искуства за успешната интеграција во Северноатлантскиот сојуз“, соопшти МНР на Украина.
Шефовите на дипломатиите на двете земји го разгледале и прашањето за приклучување на Македонија кон санкциите на ЕУ спрема Руската Федерација, како и за развојот на трговската соработка и инвестициите, се додава во соопштението.





