На листата од 100 најбогати лица во регионот што ја состави српскиот весник „Недељник“, Живко Мукаетов, првиот човек на „Алкалоид“, со проценети над 650 милиони евра капитал,  се најде на 38-то место.



„Недељник“’ на својата интернет страница денеска ја објави листата на најбогати лица од регионот рангирани од 31 – 40 место.

Листата од 100 најбогати е составена во соработка со медиуми од регионот, како и со две њујоршки консултантски куќи. Рангирањето не е создадено според пари кои ги имаат богатите, туку според вредноста на нивниот капитал и проценетата вредносте при евентуална продажба.

Бизнисменот од Кавадарци Илија Гечев е единствениот милијардер во Македонија и тој е рангиран на 18-тото место според богатството.