Предизборниот слоган на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ е „Обнова на Македонија“, а токму тоа го вети лидерот на владеачкиот СДСМ и експремиер Зоран Заев во кампањата.
„На 15 јули бираме обнова“, рече Заев и додаде: „Обнова на патишта, обнова на инфраструктура, обнова на сите капитални проекти кои што се останати“.




