И Заев се пофали со зголемувањето на минималната плата

И екс премиерот Зоран Заев се пофали со зголемувањето на минималната плата.



Тој на Фејсбук честиташе на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски.

„Ова е доказ дека новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, за интересите на работниците. Сега заедно, и работниците и работодавачите ( приватен и јавен сектор) да си земат обврска да ја подигнат продуктивноста. Мораме сите повеќе да работиме ако сакаме повисоки примања и повисок економски стандард.

Честитки до Владата и Премиерот. Ова е важна и значајна одлука. Голема работа“, напиша Заев.