И за в.д. министерот за надворешни на Бугарија приоритет е Македонија

За вршителот на должност шеф набугарската диплопатија на Бугарија приоритети ќе бидат спроведувањето и организирањето на изборите во странство, активното присуство на Бугарија во Европската Унија и НАТО и учеството на земјата во колективните напори за справување со актуелните кризи, влезот на Бугарија во еврозоната, Шенген и Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД) и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, „како и одбрана и надградба на постигнатото во последните месеци во однос на европскиот пат на Северна Македонија“.



Службениот министер, Николај Милков, на денешната прес-конференција рече дека еден од приоритетите ќе бидат односите со Македонија. Тој ќе биде министер пст месеци, но за тој период очекува, како што вели, да се случат многу конкретни работи со Македонија.

„Друг приоритет е да можеме да го консолидираме пробивот што беше постигнат во билатералните односи со Република Северна Македонија. Претстои многу конкретна работа. Сакам да и честитам на претходната влада, која успеа да направи многу работи. За разлика од претходните, тоа не го стави прашањето под тепих, иако во завршна фаза можеа да се откажат бидејќи веќе немаа мнозинство во парламентот“, смета министерот Милков и вети дека работата со земјите од Балканот нема да биде ограничен само на темата за Македонија. Според него, во регионот има многу поексплозивни односи и го даде примерот со Косово и Босна и Херцеговина.