Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија на последната средба што се одржа изминатите два дена во Софија постигнала договор за – Свети апостол Павле.
Бугарските членови на комисијата имале забелешка за мисијата на Св. Павле, изјави професорот Драги Ѓоргиев кој го предводи македонскиот тим во заедничката комисија за МКД.МК.
„Во нашите учебници таа е претставена со објаснување дека Св.Павле ги поставил основите на македонската црква, а бугарските колеги имаат забелешка дека не може да се врзува Павле и ширењето на христијанството со национални институции кои се формирале подоцна и во Средниот век и во совремието.
Ние од наша страна, пак, имаме забелешка дека Македонија се третира како бугарска земја во некои од нивните книги. Тие тоа го прифатија, ние ја прифативме забелешката за мисијата на Св.Павле и сега ќе треба во наредниот период јазички ќе ги дотераме препораките кои потоа ќе бидат претставени пред двете влади“, објасни Ѓоргиев, за МКД.МК




