Околу 30 отсто од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира.



Според податоците на специјализираните агенции и статистички институции, покажуваат дека Македонија е на осмото место во светски рамки според количината фрлена храна според бројот на жители.

Секој поединец во земјава, според Извештајот за индексот на фрлена храна на ОН, во просек фрла околу 83 килограми храна годишно.

Процените се дека фрламе меѓу 10 и 12 илјади тони храна со кои може да се обезбедат по три оброка дневно за 26.000 граѓани, а вкупните вишоци надминуваат 100.000 тони.

Тука сме ееднакви со светот: дури една третина од целата храна произведена на глобално ниво се губи или се фрла. Околу 61 отсто од храната која се фрла е од домаќинствата, 28 проценти од ресторани и 13 од маркети.

Според податоци на ОН, околу милијарда тони храна во светот секоја година завршуваат во ѓубре.

Истовремено, тешкотии во пристапот до храна или неисхранетост се соочуваат 860 милиони луѓе во светот, пред сè во Африка и во Азија. Две милијарди имаат недостиг на витамини и минерали, а милиони деца страдаат од смртоносни форми на недоволна исхранетост.