Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на изборите за градоначалник на Штип и Пласница, а причина е, според него, апокалиптичната состојба со Ковид-19 пандемијата.
Одлуката ја донесе Извршниот Комитет, а ќе ја потврди и највисокото партиско тело централниот Комитет
„Имајќи ја предвид оваа апокалиптична состојба со ковид-19, за нас претставува вистинска лудост ВМРО-ДПМНЕ да ја легитимира оваа егзибиција на Зоран Заев и на СДСМ. Напротив, треба да ја осудиме, затоа што свесно се втурнуваат човечки животи во една апокалиптична ситуација“, вели Мицкоски..





