Одложување на локалните избори за градоначалник на Штип и Пласница поради зголемениот број случаи на корона, бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



„За два дена имаме над 40 мртви и речиси 2.500 новозаразени со ковид-19. Нашата земја е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови.

Сето ова укажува на тоа дека нема услови за одржување на локални избори во Штип и Пласница и дека истите треба да се одложат се’ до обезбедување на пристојни и нормални услови за функционирање и фер изборна кампања“, соопшти синоќа по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.