„Чинот на палење на возилото кое го користел вицепремиерот Груби е акт на насилство и е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности“, се наведува во денешното владино соопштение.



Како „пријател“ му дал на Груби „ауди“ од 80.000 евра на услуга, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

По однос на инцидентот, од Владата велат дека истражните и судските органи веќе постапуваат во рамки на своите надлежности за што поскоро целосно расчиствуање на случајот.

Автомобилот „ауди“ беше запален вчера во скопски Чаир,а во полицискиот билтен беше објавено дека е во сопственост на извесен Б.Л.

Во реакцијата што ја објави на Фејсбук, првиот вицепремиер Груби рече дека станува збор за автомобл на негов пријател.

Според вицепремиерот инцидентот бил порака до него.