И вакцинираните можат да го пренесат вирусот!?

Главниот британски специјалист за грип, професорот Џонатан Ван-Там во напис за „Сандеј телеграф“, предупредува дека е можно човек повторно да се зарази со вирусот во период од две до три недели по добивањето на вакцината.



Па според него, „подобро е“ да се дозволи „најмалку три недели“ за имунолошкиот одговор во целост да се развие кај постарите луѓе.

„ Дури и откако ќе ги примите и двете дози на вакцината, сепак може да му пренесете Ковид-19 на некој друг и синџирите на пренесување ќе продолжат.

Ако го промените однесувањето, се уште би можеле да го ширите вирусот, да го одржувате високиот број на случаи и да ги изложувате на ризик другите, на кои исто така им е потребна вакцината, но се подолу во редот за вакцинација“ нагласува професорот Ван-Там.