И универзитетските професори бараат повисоки плати

Независниот академски синдикат (НАкС) на универзитетските професори, е незадоволен од најавениото покачување на примањата од само 5 отсто од 1 септември.



Од синдикатот велат дека платите во високото образование не се зголемени повеќе од десет години. и бараат воведување на методологија на прогресивно покачување на платите, до максимален износ од 30 проценти.

„Недозволиво е буџетското издвојување за плата на највисокото звање – редовен професор, да биде 1,3 просечни плати и да изнесува 34.438,оо денари, платата на младите соработници (кои по правило се најдобрите дипломирани студенти) да изнесува само 80 проценти од просечната плата, а дел од вработените да не го примаат ниту законски загарантираниот надоместок за минат труд, посочува НАкС.

Синдикатот на вработените во образованието науката и културата (СОНК), најавија штрајк на 2 септември незадоволни од најавеното зголемување на платите од 5%.