Анализирајќи ги извештаите на Народниот правобранител и регистарот на вработени на МИОА се гледа дека турската заедница не е доволно застапена во државната и јавната администрација, реагира со соопштение денеска Партијата за движење на Турците по повод 20 годишнинта од Охридскиот рамковен договор..
Во Собранието на Македонија, велат од партијата, турската заедница не е доволно застапена, како и во сите други нивоа на правниот систем.
Потребна е промена на изборниот закон односно изборен модел, велат од партијата, со што ќе се дадат еднакви можности за сите граѓани.
Исто така факт е дека постои очигледна потреба од дополнителен ангажман на државата за остварување, унапредување и заштита на правата на помалкубројните етнички заедници, велат од Партијата за движење на Турците.






