Потврден е првиот случај на коронавирус во Турција кај едно лице кое се вратило во земјата од една европска држава, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа.
Нема детали за пациентот ниту откри од која земја допатувал за да се заштити неговата приватност.
Коџа рече дека пациентот е во изолација и дека членовите на неговото семејство и другите луѓе кои биле во контакт со него се во карантин.




