Претседателот на САД, Доналд Трамп смета дека заслужува да добие Нобелова награда за мир по повеќе основи, но вели дека сè е наместено.
„Можев да добијам Нобелова награда за мир за многу работи, доколку тие ја доделуваат на почтен начин, но тоа не е случај“, изјавил Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Не е прв пат Трамп, секогаш чувствителен кога го споредуваат со неговите претходници, да го спомне Нобел. (Б92)




