Долгогодишниот политичар, основач и поранешен лидер на партијата НСДП, Тито Петковски, реагира на вчерашната посета на косовскиот премиер на Чаир и Тетово со зборовите: „И од Курти ако е, многу е!
„Одбивајќи да се сретне со политичари од македонската влада и земајќи си за право да ѝ држи лекција на македонската влада, Албин Курти само потврди дека неговите политики досегаат само до Тетово и до Чаир“, објави Петковски на Фејсбук.







