По повод празникот на жените и владата на Авганистан го честитала 9-ми Март, информира индиското издание Republicworld.
Министерот за надворешни работи на Исламската држава Абдул Кахар Балхи објави порака на социјалните мрежи во која им честита на сите жени. Тој додаде дека владата е посветена на обезбедување на благосостојбата на жените во Авганистан.
Портпаролот на талибанската влада ја сподели желбата на Твитер.
Во соопштението се споменува и дека владата на земјата обезбедува удобности за жените врз основа на прифатените исламски традиции.
„Продолжените војни во Авганистан се исклучително штетни за жените. Талибанската влада е посветена да се справи со маките на авганистанските жени и да обезбеди услови за чесен и корисен живот во светлината на благородната религија на исламот и нашите прифатени традиции“, се вели во соопштението на Владата.







