И Судот ја одбил гаранцијата од 2 милиони евра од Камчев

Кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја одбил понудената гаранција од речиси 2 милиона евра, од бизнисменот Јордан Камчев.



Износот од 1,7 милиони евра во недвижен имот и 200.000 евра готовина, е понуден како гаранција Камчев да биде префрлен од притвор во затворот „Скопје“ во домашен притвор.

По ваквата одлука на Кривичниот суд, одбраната на Камчев има право да поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје во рок од три дена, кој почнал да тече од вчера.

Минатата недела обвинителката Лиле Стефанова експресно дала негативно мислење за понудената гаранција.