„Ако Судот за човекови права во Стразбур врати судска пресуда и државата треба да плати за неа, ќе има кривична и материјална одговорност и за судијата што донел таква одлука“.
Ова го изјави премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „24 отворено“, како дел од реформите што се вградени во законите за правосудството.
„Во новите закони и тоа како има предвидено одговорност за судиите, а се надевам дека тоа ќе се случи и во Јавното обвинителство. Ако судија донел погрешна одлука, судот во Стразбур ја врати и државата треба да плати штета, тогаш и судијата што ја донел пресудата сноси и кривична и материјална одговорност поради неговите одлуки, и тоа се дел од реформите што се вградени во новите закони“, рече Заев.
Премиерот вели дека има поведени постапки за неколкумина судии од Врховниот и од Апелацискиот суд и верува дека судските инстанци ќе ги донесат одлуките согласно докази и аргументи, пренесува „Независен“.





