И странски симпатизери на власта се мајтапат со Заев за Мини Шенген

Покрај луѓе од Македонија и регионот кои тераат шега со недефиниранот проект Мини Шенген, за овој договор меѓу Заев, Вучиќ и Рама мајтап тераат и сериозни странски поддржувачи на македонските власти.



Професорот од универзитетот од Грац Флоријан Бибер кој важи за силен поддржувач на владата на Заев направи мајтап анкета за името на Мини Шенген во која победи иронично име Шенгенчиќ.

“Шенгенчиќ победи, но новото име е #ОтвориБалкан на кое му недостасуваат и 3 земји (БИХ, Косово и Црна Гора. Регионалната соработка е добра, но не е јасно како тоа се разликува од претходните обврски преземени во изминатите 20 години. Доказ за пудингот ќе биде имплементацијата.

Кои други мајтап имиња беа во игра за Малиот Шенген во твитот на Бибер.