И Срби од Македонија на митингот за поддршка на Вучиќ во Белград

Претставници на Србите од Македонија, поточно членови на здружението Обединета српска заедница од Куманово, се меѓу учесниците на денешниот митинг во Белград за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.



Од завршниот митинг во рамките на кампањата „Иднината на Србија“ пред Народното собрание во Белград претседателот на Србија и на Српска напредна странка ќе ги повика граѓаните да се обединат околу сите важни прашања за државата и за народот.

Борбата за српските интереси, посебно во Косово, но и во целиот регион, според него, се од пресудно значење.

Митингот за поддршка на Вучиќ е одговор на серијата митинзи на опозицијата „Еден од пет милиони“.