Првиот вицепремиер и прв човек во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на Фејсбук сподели фотографии и се пофали дека во неговиот кабинет фудбал заиграл и неговиот гостин Александар Сорос.
„Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата ‘Отворено општество’, г-дин Александар Сорос“, сподели Груби.








