Меѓу низата реакции за (не)регуларноста на пописот е и таа од сопственикот на најголемиот македонски агрегатор на вести тиме.мк.
Игор Трајковски реагира на изјавата на директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски според кого пописните бази не смеат да се дополнуваат затоа што тоа било упад во системот.
,,Устав/име сменивте со влечење пратеници за уши … не можело да се доанкетираат.
Селективно си бирате флексибилност.
Или повторете го за 3-5 години. Нека биде овој проба. На стотици милиони испокрадени, 8 милиони (евра) за нов попис никој нема да ви ги замери”, пишува Трајковски кој предходно најде и други нелогичности и нелегалности во однесувањето на македонските институции кое е важно за утврдување на националноста на сите граѓани.
Колку повеќе истражуваш повеќе глупости наоѓаш.
Врз основа на Закон за употреба на јазиците ; Закон за лична карта, во службен весник 196/2021 од 20.08.2021, https://t.co/Of6uhkirGs
објавен е правилник за образец за барање на лична карта. 1/2 pic.twitter.com/vRnxlMXlcU— Igor Trajkovski (@mkrobot) April 1, 2022
Фото: принт скрин ФБ профил на ИТ
* оваа вест не може да се прочита на time.mk затоа што Трајковски го тргна expres.mk од агрегаторот на вести






