И Софија не ги разбира шегите на Рама, навреди од бугарското МНР

Бугарското министерство за надворешни работи реагира на изјавите на Рама кој остро со иронични изјави ја напаѓа Софија за блокадата на Македонија и Албанија.



Со реакцијата Бугарија го навредува Рама дека нема добри европски комуникациски вештини.

Во една од новите изјави Рама Бугарија ја именува како Источна Македонија а предходно Македонија ја нарекуваше Западна Бугарија.

,,Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Низ годините, немаше многу други гласови со нас во оваа кауза. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај се, во име на заедничката европска иднина.

Како одговор, не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од шеф на влада. Камењата во жолчката во толку низок јазичен регистар повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги прилагоди своите изразни средства на јазик што е соодветен за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ.

На ова ниво, повеќе од кое било друго, инсистираме на одржување на добар тон на комуникација. На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер”, се вели во реакцијата на бугарското МНР до Рама.