„Големиот успех“ со кој се испофалија Владата и СДСМ – зголемената просечна нето плата за септември – паѓа во вода кога ќе се спореди со тој показател за земјите во регионот.
Државниот завод за статистика објави дека пред два месеца вработените во Македонија имале просечен нето личен доход од 37.876 денари или 616 евра, што е помалку од сите републики на поранешна Југославија.
На врвот и понатаму неприкосновена е Словенија со 1.432 евра, пред Хрватска со 1.156, Црна Гора со 800, Србија со 726 евра (85.066 динари), а пред Македонија е и Босна и Херцеговина со 646 евра (1.264 конвертибилни марки).






