„… во обид да се заврши учебната година и да се реализира предвидената програма, се наметна една мачна состојба како за учениците, така за родителите, а секако и за наставниците“, пишува во колумна за „Курир“ Васка Кусакатска, наставник.
„Добар дел од наставниците претераа со давање обврски на учениците. Но, ова време не е вистинскиот момент, за да има докажувања. Зарем не е подобро тоа претходно да се правело и да се прави во нормални услови?
Сега, во една ваква состојба, ние наставниците треба да ја скратиме програмата колку што може повеќе, да ја прилагодиме на моменталната состојба, а имам чувство дека некои наставници дури и ја продлабочуваат.
Сега, во услови кога повеќето сме најмногу во нашите домови, додека повеќето родители работат од дома, треба ли наставниците да им даваат обврски и да им држат онлајн часови на децата и детето во просек половина ден да го помине на компјтер…
Може ли дете од 7-8 години да следи онлајн час, да добива насоки за пишување во тетратки и згора на се да пополнува наставни листови.
Може ли тоа да го направи само? Треба ли родителите да се претвораат во наставници“?, прашува наставничката.
повеќе на следниот ЛИНК






