На социјалните мрежи се појави коментар на извесна Јасмина Калеовска која ја вознемири јавноста со јавна забелешка која се однесува на ефикасноста на лековите за канцер кои ги примаат заболените од тешката болест.
Калеовска коментира откако излезе аферата дека на клиниката за Онкологија поради криминал воопшто не биле давани на болните.

,,И со лекот и без ќе умреле пациентите”, пишува Калеовска во грозоморниот коментар за кој многумина помислија дека таа сака да ја релативизира одговорноста што заболени од рак на клиниката за Онкологија не ги примале цитостатиците кои потоа се продавале на Косово.
Калеовска која е дел од СДСМ и јавно објавува слики со високи функционери на партијата стана предмет на силни критики на јавноста.
Во своја одбрана таа вели дека коментарот е даден во знак на револт кон болеста по смртта на нејзиниот сопруг кој починал од рак
,,Уште ти фалеше да се објаснувам со тебе. А викаш ми ја знаеш причата. Ме линчувате за коментар даден од револт према болеста.
Алооо маж ми умре од рак, дали сте бе нормални. Нас не ни го понудија лекот воопшто. Докторите кренаа раце и си умре човекот, на мои раце”, пишува Калеовска во своја одбрана.
Калеовска на сликата со екс градоначалниците на Скопје и Гази Баба е со фотоапарат.
Поврзана вест
По седум години на власт Бихаќка за скандалот најде вина и кај ВМРО-ДПМНЕ






