Не секогаш се ставаат имиња на училишта од писатели, нобеловци, академици, има и имиња на комити, изјави денеска министерот за образование Арбр Адеми запрашан зошто училиштето „Рајко Жинзифов“ е преименувано во Имри Елези, загинат припадник на ОНА во војната во 2001 година.
Денеска и официјално беше отстранета таблата „Рајко Жинзифов“ и на нејзино место стои нова со името „Имри Елези“.
Беше организирана културно-уметничка програма на која покрај министерот присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Бујар Османи, пратениците Артан Груби и Ејуп Алими, поранешниот и актуелниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и Висар Ганиу.
Таблата со новото име на припадникот на ОНА беше откриена со државното и со знамето на Албанија.
(Плусинфо)






