Oколу илјада текстилни работници пријавиле дека примиле помал износ на плата откако е законски утврден износот на минималната плата. Главно им се исплаќа законски утврдениот износ од 18 илјади денари, но им се кратат пари од додатоците на плата. Станува збор за седум текстилни фирми од источна Македонија.



„Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд“, вели, Кристина Апмева од „Гласен текстилец“.

Станува збор за седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата.

Таа објаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.

Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење и вели дека за случајот се информирани странските брендови за кои главно работат текстилните.МКД.МК.