Специјалното и Јавното обвинителство (СЈО и ЈО) отвораат истрага за новите „бомби“ споделени вчера на руската социјална мрежа vk.com, најавуваат од двете институции, а зад кој стои профилот „Илија Громовник“..
Во истрагата се вклучи и МВР.
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Скопје велат дека ќе испитаат сѐ што е поврзано со вчерашното објавување, а од СЈО најавија дека ќе ги анализираат разговорите, но уверуваат дека тие не „протекоа“ од кај нив.
Аудио-снимки, но на Јутјуб и други социјални мрежи, се објавуваа и порано, а од СЈО изминатите години вршеа претреси за да пронајдат нови „бомби“ кои се наоѓаат на „слободниот пазар“.
И пронајдоа, дури над 100.000 фајлови, како што се споменува во еден од шестмесечните извештаи кои редовно ги објавува специјалната обвинителка Катица Јанева, потсетува Плусинфо.





