По реакциите на јавноста за скандалозното именување на ТВ презентерка за конзул во Њујорк медиумите јавуваат и за други скандалозни именувања на дипломати без искуство.
Синоќа Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.
Порталот МКД.мк дознава дека покрај за Ејупи, неодамна е донесена уште една одлука за испраќање на Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку син на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат.
Дипломатски извори ги потврдија двете информации за МКД.мк.
Петрит Муслиу освен син на Алберт е и шура односно брат на сопругата на пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.
Инаку, ни Ејупи ни Муслиу не се кариерни дипломати, односно не се од МНР, што досега, освен исклучоци беше пракса, а според нашите извори испратени се врз база на блиски врски со функционери на ДУИ, пишува МКД.мк.
Повеќе за случајот Ејупи
Владата испраќа ТВ презентерка за генерален конзул во Њујорк






