И Шолц одби руски ПЦР-тест пред средба со Путин

Германскиот канцелар Олаф Шолц кој денеска пристигна во Москва на средба со Владимир Путин, одби да направи ПЦР тест понуден од домаќините,пренесуваат медиуми.



Наместо руски тест, Шолц одлучи лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, нешто што е предуслов за влез во Кремљ на состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, информираат извори од германската делегација.

Францускиот претседател Емануел Макрон, минатата недела одби да се тестира со руски ПЦР тест, пред состанок со Путин.