И Шкариќ удри по Владата за името и за Законот за јазици

По професорот Милчин кој е гневен на владата за името и законот за јазици уште еден нејзин довчерашен поддржувач од редовите на интелектуалната елита се сврте против премиерот и министрите.



Многу одредби од Законот за употреба на јазиците вака како што е напишан нема да можат да поминат во Уставниот суд и под услов Уставниот суд да се наоѓа на најниско стручно ниво, вели во интервју за фактор.мк професорот Шкариќ.

“Претседателот на Собранието може да го потпише Законот за употребата на јазиците и да го прати до Службен весник со образложение дека претседателот на Македонија го крши Уставот, а тој како спикер на Законодавниот дом е должен да го испрати Законот на публикување бидејќи секој граѓани вклучувајќи го и Иванов има обврска да го почитува Уставот. Но и со тоа нема да биде решен проблемот затоа што тогаш доаѓа најтешката пречка во врска со стапувањето на Законот во сила, а тоа е Уставниот суд. Ако Законот биде објавен со дефектен указ, Уставниот суд би можел да се произнесе дека таквиот акт не може да го земе во постапка за разгледување бидејќи не е Закон “, смета проф. Шкариќ.

Професорот по уставно право оцени дека Законот за потреба на јазиците не одговара ниту на албанската етничка заедница , па и на оние што го предложиле затоа што Законот инсистира на строго почитување и развој на мултикултурализмот, а не на интеркултурализмот.
Шкариќ сугерира Собранието да започне постапка за импичмент за претседателот Иванов поради тоа што тој на неколку наврати за време на неговиот мандат го прекршил Уставот.

Во однос на спор за името во интервјуто за Фактор магазин вели:

„Ако географската одредница би се употребувала во меѓународни организации, а не за внатрешна употреба тогаш нема да има потреба да се интервенира во Уставот. Ако пак Грција инсистира на ерга омнес тоа значи и за внатрешна употреба, тогаш од постојниот Устав не би останало ништо. Но не верувам дека Владата може да прифати такво решение. Но и да прифати такво решение, тоа не би било остварливо“.

Целото интервју на Шкариќ за фактор.мк на следниот линк