Второто лице на кое денес му беше дадена вакцина против коронавирус беше 81-годишниот Вилијам Шекспир од Ворвикшир.
Прва, вакцина прими 91 годишната Маргарет Кинан.
Настанот, особено името на примателот, беше причина за лавини коментари на социјалните мрежи.
Неговата внука, Емили Шекспир, објави на Твитер дека е „горда“ на нејзиниот чичко Бил, кого го опиша како „многу достоинствен примател“.
На прашањето дали семејтвото има врска со легендарниот Шекспир, таа одговори дека тоа е „околу 86% сигурно“, јави Би-би-си.






