И шефицата на ДКСК со “заслуга” за скандалот со ветото за полковникот на АРМ во НАТО

Претседателката на Антикорупциската комисија Биљана Ивановска има своја “заслуга” за скандалот во кој НАТО не му дозволува на македонскиот воен претставник полковникот Секуловски да замине во седиштето на алијансата и да има пристап до доверливи документи и податоци.



Државната комисија за спречување на корупција на чие чело е Ивановска пред Секуловски да биде предложен од Шеќеринска и аминуван од Пендаровски донесе одлука која им одговараше на Шеќеринска и Пендаровски со кои беше поништен указот на претседателот Иванов со кој Генералот Мирче Ѓоргоски беше именуван за македонски воен претставик во НАТО во Брисел.

Веднаш потоа Пендаровски и Шеќеринска го именуваа Секуловски за кандидат за Брисел што не помина во Алијансата.

Ивановска и ДКСК не реагираа ниту по одлуката на Управниот суд кој
ја поништи одлука на Антикорупциска за веќе именуваниот генерал за воен претставик во Брисел.

Генералот Мирче Ѓоргоски кој поминал највисоки американски и германски воени школи никогаш не доби извинување за одземената можност да замине во НАТО а во меѓувреме земјава се соочува со огромен срам со неговата замена полковникот Секуловски кого не го примаат во НАТО.

Ивановска која важи за блиска на претседателот Пендаровски никогаш не му се извини на Ѓоргоски за направената неправда врз него.

Претходно годинава Ивановска прекина 4 предмети против Шефот на агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу именуван од Пендаровски и наместо да побара казна за утврдените прекршувања предложи промена на законот.

За скандалот со Секуловски се уште одговорност не преземаа ниту Пендаровски кој го потпишал указот ниту Шеќеринска која го предложила.

Двајцата имаат контрола врз Агенцијата за разузнавање и Воената служба за разузнавање кои морале да знаат за активностите и контактите на Секуловски со странски служби ривали на НАТО.