Во соопштението на Ангела Меркел по состанокот со Заев, не видовме ветување за датум за отворање на преговори помеѓу ЕУ со РСМ. Дури немаше ни заедничка прес-конференција, нешто што е вообичаено за состаноци од такво ниво, велат од Алијанса за Албанците на Зијадин Села.
„Во изјавата на германската канцеларка не се споменуваат зборовите ширење, туку само зајакнување на стабилноста во регионот, во согласност со новата стратегија на француската влада за Западен Балкан., стои во соопштението на Алијансата.
Од партијата на Села се загрижен ишто претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, јавно признаваат дека овој консензус не постои.
„И причините за ова се многу јасни… тие нагласуваат дека внатрешните реформи целосно се блокирани. Во извештајот за напредокот се забележува дека корупцијата е распространета во многу области и останува предмет на загриженост, како и непочитувањето на независноста на судството и политичко мешање остануваат значителни проблеми….
Во согласност со актуелнте изјави на премиерот Заев, неуспехот на СДСМ и ДУИ да ги отвори пристапните преговори ова лето треба да го отвори патот за создавање на услови за да се подготви земјата за предвремени избори“ велат од Алијанста на Албанците.
Вчера предвремкени избори побара партијата БЕСА на Касами.





