И се посреќи на пратеничка на ДУИ, сопругот ќе добива речиси 1200 евра плата во државна институција

И се посреќи на пратеничка на ДУИ, чиј сопругот од овој месец ќе добива речиси 1200 евра плата во државна институција.



Елвир Зендели, сопруг на пратнеичката на ДУИ Арта Билали Зендели од почетокот на месецов има убаво работно место.

Сопругот на пратеничката е вработен во Аенцијата за цивилно воздухопловство каде платата во зависност од стажот се движи околу 70.000 денари.

Останува на институциите да проверат дали имало одреден конфликт на интереси имајќи предвид дека станува збор за сопруг на пратеничка од мнозинството.

Одлуката за вработување е од пред два дена, со дата од 2 октомври 2023 година потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ а сега директор на агенцијата чија плата е над 3000 евра.

Според документот што го потпишал Тунтев токму сопругот на пратеничката од власта бил најдобар од сите кандидати и станал советник инспектор за опасни материи.